Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари за примање мито | Правдико

Правдико

   

Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари за примање мито

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот му определи триесетдневен притвор на советникот на градоначалникот на Шуто Оризари за примање мито од 1.000 евра.

„Надлежен јавен обвинител донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик. Осомничениот како вработен во општината Шуто Oризари на 27 јануари во службените простории на општината примил претходно договорена награда во висина од 1.000 евра“, велат од Обвинителството.

Од таму наведуваат дека осомничениот С.М. ги земал парите за легализација на бесправно изграден објект.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико