Притвор за српски државјанин осомничен за обид за криумчарење на мигранти | Правдико

Правдико

   

Притвор за српски државјанин осомничен за обид за криумчарење на мигранти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На магистралниот пат Гевгелија–Скопје, во непосредна близина на село Удово, вчера во 03,40 часот од страна на мешовит патролен тим, во возило „Опел Вектра“ со српска национална ознака биле пронајдени 15 мигранти од Авганистан.

D3B1BB268CA9FA41B200171511423367

Како што денеска соопшти МВР, возилото на даден знак со ротационо светло за запирање од страна на полицијата ја зголемило брзината и продолжило со движење во правец на Демир Капија. Од страна на полициските службеници, возилото е проследено и во близина на Демир Капија, во близина на бензинската пумпа на „Мак Петрол“, возачот го запрел  возилото и се дал во бегство. При контрола на возилото било констатирано дека регистарските ознаки не одговараат на истото, а во внатрешноста на возилото се откриени 15 лица-мигранти од Авганистан.

Во непосредна близина на реката Вардар во близина на железничката пруга, стои во соопштението, било забележано лицето кое го управувало возилото, при што е лишено од слобода. Се работи за Н.С.(1995) од Р.Србија со српска лична карта. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, со која е предаден на судија од чија страна му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико