Притвор за убиецот од Велес
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Ј.(65) од Велес за сторени кривични дела „убиство“ и „тешка телесна повреда“. На пријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 11,00 часот во Велес, на ул.„Методија Андонов Ченто“ по претходна расправија, И.Ј. насилно влегол во домот на Р.Т. (65) и нејзиниот син З.Т. (46), при што на З.Т. му нанел повреда со нож во пределот на раката, а на Р.Т. со секира и нанел повреда во пределот на главата.
Р.Т. во критична состојба е пренесена во Ургентен Центар Скопје, каде во 14,00 часот починала, а на З.Т. укажана му е лекарска помош во Медицински центар Велес.
Извор: Нова Македонија