Притвор за велешанец кој во патика криел кокаин | Правдико

Правдико

   

Притвор за велешанец кој во патика криел кокаин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство во Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година кај кого бил најден кокаин што го криел во патика.

„Осомничениот, на 13 април, неовластено, заради продажба, држел наркотична дрога кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица кај Сопот“, соопшти Обвинителството.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основниот суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико