Правдико

   

Притвор за внукот што извршил обљуба врз својата 72-годишна баба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 и родосквернавење од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз својата 72-годишна баба злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит поради што не била во можност да се одбрани.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико