Притвор за возачот кој прегази велосипедист на „Партизанска“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Е.Т.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што соопшти денеска МВР, на 25 овој месец околу 14 часот во Скопје на крстосницата од бул. „Партизански Одреди“ и ул. „Френклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А4“ со скопски регистерски ознаки управувано од пријавениот, велосипед управуван од Нинослав С. (65) од Скопје и автобус. Во незгодата, се појаснува, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар-Скопје, каде што околу во 18,30 часот им подлегнал на повредите.
Во периодот од 25 до 28 овој месец до 07 часот од страна на СВР-Скопје спроведени се зајакнати контроли во делот на патниот сообраќај при што преземени се вкупно 473 мерки и притоа издадени се вкупно 214 платни налози за наплата на глоба и 259 покани за наплата на глоба.
Во соопштението од МВР се наведува дека 145 возачи ја пречекориле брзината на движење и тоа за 111 евидентирано е пречекорување на брзина во населено место дo 30 км/ч, а за 35 пречекорување на брзина во населено место над 30 км/ч така што по однос на овие прекршоци издадени се 111 платни налози за наплата на глоба и 35 покани за наплата на глоба. Алкотестирани се 560 возачи и кај 61 лице утврдено е присуство на алкохол, додека двајца возачи одбиле да се алкотестираат. По однос на овој прекршок 63 возачи се исклучени од сообраќај, времено се одземени 51 возачка дозвола и издадени се 63 платни налози за наплата на глоба. Покрај ова, евидентирани се 67 неправилно паркирани возила за кои се издадени 64 покани за наплата на глоба како и три платни налози за наплата на глоба. Кај 24 лица за кои се издадени исто толку платни налози утврдено е дека управувале без положен возачки испит, 44 возила се затекнати без валидна регистрација, за што се издадени исто толку платни налози, а 24 возачи минале на црвено светло и за нив се издадени 24 платни налози.
Со специјално пајак возило отстранети се вкупно 95 непрописно паркирани возила на тротоар, пешачка зона, обележан пешачки премин и велосипедска патека. Евидентирани се и четири прекршоци што ги направиле пешаците за што се издадени четири покани за наплата на глоба.
Извор: Утрински Весник