Притвор за возачот на влекачот во кој се удри мотоциклистот кој загина кај Требениште | Правдико

Правдико

   

Притвор за возачот на влекачот во кој се удри мотоциклистот кој загина кај Требениште

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството предложи, а судија на претходна постапка му одреди осумдневен притвор на возачот на влекачот во којшто удри мотоциклистот кој загина на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Требениште во вторникот попладне.

vlekac

Влекачот, дел од механизацијата на градежната фирма која вршела изведба на работи на магистралниот пат, го управувал сега осомничениот граѓанин на Република Албанија.

Четириесет и четиригодишниот охриѓанец, кој управувал со моторот, по ударот, со тешки телесни повреди бил бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде лекарите само констатирале смрт.

По извршениот увид на лице место, надлежниот јавен обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, наредба за проверка на крв и урина, наредба за сообраќајно-техничко вештачење, како и други дејствија во насока на утврдување на фактите за сообраќајката.

Обвинителството поведе постапка против возачот на влекачот поради постоење на сомнение за сторено кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по член 300 став 4 од Кривичниот законик.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико