Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена | Правдико

Правдико

   

Притворен 23-годишен маж за нападот во Виена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Австриската полиција соопшти дека притворила 23-годишен маж, осомничен за нападот со нож во Виена, при што беа повредени четири лица.

Порпаролот на полицијата, Патрик Мајерхофер, соопшти дека осомничениот бил притворен набргу кога 20-годишен маж прободен со нож бил хоспитализиран со повреди опасни за живот. Полицијата и понатаму истражува дали истото лице го нападнало и тричленото семејство што синоќа беше избодено во центарот на Виена.

Службените лица не објавија детали за идентитетот на осомничениот.

Во полициското соопштение се наведува дека сите членови на семејството, 65-годишен маж, 56-годишна мајка и нивната 17 годишна ќерка, имаат повреди опасни по живот и се одведени во болница. Нивните имиња не се наведени.

Синоќа непознат напаѓач со нож нападна семејство, по што побегна, а за време на бегството повреди уште едно лице.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико