Притворен крадец кој ограбувал викендици во Охрид | Правдико

Правдико

   

Притворен крадец кој ограбувал викендици во Охрид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот му определи осумдневен притвор на крадец кој ограбувал викенд куќи во Лагадин и во Елешец во Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против К.А.(38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „прикривање“ и две кривични дела „помагање“.

Пријавениот С.Ѓ. ги извршил кражбите во периодот од ноември до декември 2019 година во викенд куќи во охридските населби Лагадин и Елешец, каде што влегувал со употреба на сила и одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети, кои потоа, второпријавениот К.А. ги транспортирал и ги криел во својот дом.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико