Правдико

   

Притворен маж кој со нож ја избоде сопругата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје  поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против 54-годишниот Б.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид во вршење семејно насилство”.

Според информациите од МВР, на 2.09.2018 година околу 20:00 часот во семејниот дом, по кратка вербална расправија со неговата 52-годишна сопруга П.В., пријавениот со нож ѝ нанел убодна рана во пределот на стомакот. Бидејќи жената многу крвавела, околу 2:30 часот ноќта, пријавениот побарал помош од нивниот зет за ќерка и со неговото возило ја однеле во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што била задржана за понатамошно лекување.

Полициски службеници извршиле разговор со оштетената, по што Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико