Правдико

   

Притворен поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска му е одреден 30-дневен притвор и вечерва е приведен во истражниот затвор во Шуто Оризари, потврдуваат за РСЕ од Основниот суд Скопје 1.

Од Судот велат дека Мијалков е притворен по барање на СЈО поради опасност од бегство, а судија на претходна постапка попладнево му одредил мерка притвор од 30 дена.

Поранешниот шеф на УБК е обвинет во неколку случаи на СЈО, како „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2.“

Повеќе детали од Судот најавуваат за утре.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико