Правдико

   

Притворени двајца тетовци за поседување наркотици и оружје

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во претрес на куќа во тетовското село Јажинце на Е.М. (52) биле пронајдени 29 пакувања со марихуана, завиткани со најлонска фолија со тежина од околу 30 килограми, дигитална вага, еден куршум калибар 7,62 милиметри, две зрна од непознат калибар со ралична големина и мало најлонско ќесе со хашиш.

Пронајдените предмети со потврда биле одземени и предадени на вештачење, додека, пак, Е.М. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. По целосно расчистување на случајот, против Е.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, вчера, врз основа на претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес и во дом и помошни простории на М.С.(39) во Тетово. Притоа биле пронајдени два пиштола, кои тој ги поседувал без дозвола, едниот марка „валтер П99“ со рамка со пет куршуми, калибар 9 милиметри, а другиот „застава“ со рамка со седум куршуми, калибар 6,35 милиметри.

По ова, М.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико