Правдико

   

Притворени измамници кои со фалсификувани документи подигале кредити

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР – Битола НК за КР – ПС Прилеп до надлежното обвинителство поднесе четири кривични пријави против десет лица, од кои за пет лица и тоа Г.П (50), Д.С. (37),М.Л. (28) К.К. (26), М.Т(31) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 ст 4 вв ст 1 од КЗ на РСМ , а за останатите пет лица М.М (32), Б.Х (37) , М.Т. (22), Ј.З(40) ,А.Т(33) поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Помагање“ по член 24 од КЗ на РСМ, а во врска со член 247 ст 4 вв ст 1.

Првопријавените во текот на месец мај 2019 година со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со помош на петте второпријавени лица помагатели обезбедиле лажна – фалсификувана документација за докажување на правно релевантни факти и истата ја употребиле како вистинска во постапка за апликација за готовински ненаменски потрошувачки кредит во Комерцијална банка АД Скопје – филијала Прилеп.

За четворица од апликантите, врз основа на лажната и фалсификувана документација за имотна состојба биле одобрени и исплатени бараните парични средства по основ на кредит, во вкупен износ од приближно 4.400.000 денари, за еден од апликантите исто врз основа на лажна и фалсификувана документација бил одобрен кредитот но апликантот не стигнал да ги подигне средствата, додека за останатите била запрена обработката на апликациите, бидејќи овластени службеници од банката се посомневале во веродостојноста на приложената документација.

За петте пријавени лица М.М (32), Б.Х (37), М.Т. (22),Ј.З(40) ,А.Т(33) за „помагање“ во извршувањето на кривичните дела од страна на петте погоре пријавени лица освен што со умисла им помагале на пријавените лица во извршувањето на делата, постојат основи на сомневање дека подолг временски период обезбедувале лажна – фалсификувана документација потребна за апликација за добивање на кредит во истата банка. Сите пријавени лица се изведени пред Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп, при што, врз основа на предлог на Основното јавно обвинителство Прилеп, од страна на Судија на претходна постапка се изречени вкупно 10 мерки на обезбедување и тоа за 7 лица мерка „Притвор“ во времетраење од 30 дена а за 3 лица мерка „Претпазливост“ .

Партнери на Правдико