Притворени поранешниот шеф на француската служба за безбедност и на париската судска полиција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот шеф на внатрешната служба за безбедност (ДЦРИ) Бернар Скарчини и поранешниот шеф на судсксата полиција на Париз, Кристиан Флаеш изутринава сé уште беа во притвор во рамките на судската истрага која се води за вршење влијание, кршење на тајна и компромитирање на државна тајна. Тие се сослушувани во просториите на Генералната инспекција на националната полција на на Франција (ИГПН).
Овие дваjцa поранешни шефови на полицијата се блиски со десницата и посебно до поранешниот претседател Никола Саркози. Нивното апсење доаѓа по претресот кој беше извршен во просториите на фирмата на Бернар Скарчини и во неговиот дом, во рамките на три истраги, меѓу кои и за финансирањето на пртеседателската кампања на Никола Саркози во 2007 од либиски извори.
Точните причини за нивното сослушување засега не се обелоденети, иако тие вчерашниот ден и минатата ноќ ја поминаа во притвор.
Мишел Годин, поранешен генерален директор на Националната полиција, исто така, бил сослушан од полицијата, јавува РТЛ, повикувајќи се на полициски извори. Парискиот обвинител изјави дека не сакаат даваат каков било коментар во оваа фаза.
Минатиот јуни, обвинителство од Париз отвори прелиминарна истрага за Бернард Скварчини за вршење влијание во врска со неговата консултантски активности. Истражните органи се сомневаат дека тој ја користи неговата мрежа од полициската служба за својата консултанска фирма Кирнос, основана во 2013 година, по напуштањето на Централната управа за внатрешно разузнавање. Поранешниот шеф на француската против шпионажа е обвинет дека раководи со „црн кабинет”.
Според информациите на Франс Инфо, се работи за договор со американскиот гигант на тутунската индустрија, Филип Морис, која е во срцето на оваа постапка.
Иследниците се сомневаат дека тој ги охрабрил полицијците од Марсеј да се борат против шверцот со цигари, со цел да им служи на интересите на неговиот клиент.
Познат во полицијата по надимакот “Shark (Ајкула)”, Скварчини е син на полицаец, внук на корзикански пастир, првпат беше назначен за шеф на Дирекцијата за територијална надзор (ДСТ) во јуни 2007 година, откако беше број 2 во поранешните Општи информации (РГ). Во РГ, тој беше признат како неприкосновен експерт за тероризам, без разлика дали станува за баскискиот, корзиканскиот или исламистичкиот.
Тој беше разрешен од должноста на DCRI во мај 2012 година, по доаѓањето на левицата на власт. Две години подоцна, во април 2014 година, тој беше осуден на 8.000 евра парична казна од Кривичниот суд во Париз, кога беше осуден за нелегално одземани детални телефонски сметки на новинари на париски Ле Монд, додека беше на функција.
Кристијан Флаеш, беше разрешен од функцијата директор на правосудната полиција на крајот на 2013 година откако го преудпредил пораешниот министер за внатрешни работи на Никола Саркози, Брис Хортефо дека наскоро ќе биде поканет на разговор од обвинителството како сведок во истрагата за финансирање на кампањата на Никола Саркози во 2007.
Од септември 2014 година тој ја врши функцијата шеф на обезбедувањето на хотелска група Aкор.
Извор: Нова Македонија