Приватно здравствено осигурување за сите вработени во компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ | Правдико

Правдико

   

Приватно здравствено осигурување за сите вработени во компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кромберг & Шуберт Македонија како најголем работодавач во нашата држава донесе одлука на сите вработени да им обезбеди приватно здравствено осигурување.

Воведувањeто на здравственото приватно осигурување за сите 5300 вработени како дополнителна придобивка, во време кога светот се соочува со светска пандемија, претставуваше најголем приоритет за менаџментот на компанијата, а со главна цел вработените да добијат пристап до квалитетна и навремена здравствена услуга.

 „Како најголем работодавач од приватниот сектор, зачувувањето на здравјето на вработените претставува императив во нашето работење, а особено во последните 2 години. Мотивиран, посветен и задоволен вработен значи добро завршена работа, квалитетен производ и задоволен клиент. А  како најголеми, чувствуваме и одговорност дека треба да поставуваме пример како треба секој се грижи за својот тим како најголема вредност. Оттука и нашата одлука да им обезбедиме на нашите вработени лесен пристап кон услугите на приватниот здравствен систем.“ – изјавуваат од компанијата.

Грижата за вработените, заедницата, за клиентите и за сите деловни соработници на компанијата е цврсто втемелена во корпоративната политика на Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ и таквите заложби секако ќе продолжат и во иднина.“

Препорачуваме

Партнери на Правдико