Приведен агентот за недвижности кој продавал еден стан на повеќе лица | Правдико

Правдико

   

Приведен агентот за недвижности кој продавал еден стан на повеќе лица

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агентот за недвижности, кој измами повеќе лица продавајќи им ист стан, денеска е приведен.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него за измама. Против него ќе биде поднесен предлог за определување мерки на претпазливост – обврска повремено да се јавува кај определено службено лице во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана за преземање определени работни активности.

„Во периодот од мај 2020 година до март 2021 година осомничениот во повеќе наврати, искористувајќи ист траен однос и исти услови, довел и држел во заблуда најмалку седум оштетени граѓани. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист тој како агент во својата агенција за недвижности лажно им прикажувал факти на оштетените дека е овластен од разни сопственици да ги продава нивните станови на други лица. Откога ќе ги огласел становите, ги покажувал пред потенцијалните купувачи, договарал продажба и наплаќал средства на име капар, но потоа не доаѓало до склучување купопродажен договор, а уплатените средства не ги враќал“.

Постапката против осомничениот е во тек, се испитуваат лица и се обезбедуваат и други докази.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико