Приведен битолчанец за издржување затворска казна | Правдико

Правдико

   

Приведен битолчанец за издржување затворска казна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

37-годишен битолчанец е уапсен од страна на припадници на единицата „Тигар“ во Битола за издржување затворска казна, соопшти полицијата.

 

Вчера околу 21:15 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола и САЕ Тигар  на ул. Партизанска во Битола лишен е од слобода Б.У.(37) од Битола.

Притоа, при преглед кај него е пронајден и одземен метален боксирач.

Тој е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико