Приведен дилер од Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Инспектори од единицата за недозволена трговија на дрога при СВР Скопје на 1.3.2021 во 19.20 часот извршиле претрес во домот на А. П. (24) од Скопје.
„При претресот пронајдено е: ЛСД, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис“, информираат од МВР.
Додаваат дека лицето кај кое е пронајдена дрогата е лишено од слобода.
За понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, според информации од МВР, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Извор: Макфакс