Правдико

   

Приведен еден осомничен за убиството на бугарската новинарка Маринова

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бугарската полиција приведе еден осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави Алсат М.

„Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен“, рекол изворот несакајќи да открива повеќе детали.

Медиумите во регионот излегоа со дополнителна информација, презентирана на бугарското радио, во која неофицијално се вели дека уапсеното лице е државјанин на Романија.

Бугарската новинарка, Викторија Маринова (30) беше брутално претепана, силувана и задавена во саботата во бугарскиот град Русе, а нејзиното тело е пронајдено во парк недалеку од реката.

Маринова беше уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.

Извор: НОВАТВ

Партнери на Правдико