Приведен крадец на подрачје на Бит Пазар, ќе биде спроведен во затвор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска (09.09.2022) во 12.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(34) од Скопје.
За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело “тешка кражба“. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.