Приведен крадец од скопско за издржување казна затвор од една година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
Денеска (30.05.2022) во 05.10 часот во с.Сингелиќ, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(35) од с.Булачани, скопско. Тој бил баран со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.