Приведен крадец што украл „БМВ“, возилото вратено на сопственикот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 10.02.2021 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.Б. на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека возилото на 09.02.2021 било одземено на подрачјето на СВР Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од с.Зелениково, скопско.
Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок.