Приведен крадец во Скопје, за кражба на паричник и чанта | Правдико

Правдико

   

Приведен крадец во Скопје, за кражба на паричник и чанта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициски службеници од OВР Кисела Вода го привеле 27-годишниот Ф.П. од Скопје поради сомнение дека на подрачје на ОВР Кисела Вода извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин и обид за тешка кражба на дрзок начин.

На06.10.2020 на ул Михаил и Евтихиј од И.Т.(86) од Скопје одзел паричник, а на 4.12.2019 на бул. Борис Трајковски во Скопје на А.К.(19) се обидел да ѝ одземе чанта.

Тој бил приведен и задржан во полициска станица, каде што бил препознаен од оштетените.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико