Приведен крадец за издржување затворска казна
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.28-годишен кумановец е уапсен за сторено кривично дело тешка кражба, соопшти полицијата.
Имено, вчера, во 18.55 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода С. Б. (28) од Куманово за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – тешка кражба.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор К’шање“ за издржување на казната.
Извор: Макфакс