Приведен криминалец баран со потерница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 24.3.2021 во 20:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.А.(21) од с.Слупчане, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна.
Н.А. е осуден на четири години затвор за извршено кривично дело по чл.418 ст.2 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопштува Министерството за внатрешни работи.
Лицето е спроведено во затворот во Куманово, велат од МВР.
Извор: Макфакс