Приведен Кубанец во Битолско, сакал нелегално да ја премине границата | Правдико

Правдико

   

Приведен Кубанец во Битолско, сакал нелегално да ја премине границата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата приведе кубански државјанин кај селото Драгош затоа што сакал нелегално да ја премине границата кон Грција.

Според информациите на МВР, вчера во 10 часот кај манастирот „Свети Илија“ полициски службеници го спречиле кубанскиот државјанин Х. С. А. (32) во обид нелегално да ја премине државната граница од Северна Македонија во Грција.

Тој бил приведен во Полициската станица Меџитлија по што им бил предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико