Приведен малолетник во Скопје, учествувал во пет разбојништва и кражби | Правдико

Правдико

   

Приведен малолетник во Скопје, учествувал во пет разбојништва и кражби

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

МВР соопшти дека на 5 октомври околу 19:30 часот на булеварот Партизански одреди во Скопје полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош привеле двајца разбојници А.И. (22) и Д.К. (17) од Скопје,  кои непосредно пред тоа се  обиделе да украдат пари од маркет на булеварот.

Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош.

До сега е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела – разбојништва во обложувалници, како и тешки кражби во цркви и маркети, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико