Приведен маж од кичевско поради убиство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација со Одделението за внатрешни работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(40) од кичевското село Жубрино. На него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, со цел да пронајде и одземе пари и злато и да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во куќата сопственост на Б.Б.(67) во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила, го нападнал нанесувајќи му повреди од кои потоа починал.