Приведен охриѓанец што извршил повеќе тешки кражби во Охрид | Правдико

Правдико

   

Приведен охриѓанец што извршил повеќе тешки кражби во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатршни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“.

Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од јули до ноември годинава во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид, употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист  од 369.121  денари. Лицето е лишено од слобода.

Препорачуваме

Партнери на Правдико