Приведен првиот препродавач на карти за Суперкупот | Правдико

Правдико

   

Приведен првиот препродавач на карти за Суперкупот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата приведе 41-годишен скопјанец, кој се обидел да препродава билети за претстојниот натпревар од УЕФА Суперкуп, меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кој ќе се игра вечерва на Националната арена „Филип Втори“.

Скопјанецот  нудел и рекламирал карти на интернет за продажба по цена од 600 евра. Тој се обидел да продаде две карти, оставил телефон за контакт и адреса, по што службите го лоцирале и го привеле. Како докази, одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичките.

Неодамна Собранието на Република Македонија едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на кривичниот законик според кој со истиот се воведуваат санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико