Приведен разбојник во Скопје, расчистени две кривични дела | Правдико

Правдико

   

Приведен разбојник во Скопје, расчистени две кривични дела

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 10.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје и расчистиле разбојништво и тешка кражба. Во присуство на родител и адвокат сo него бил извршен разгвор и тој признал дека на 29.03.2022 во автобус на ЈСП со закана со остар предмет од друг малолетник одзел мобилен телефон и ранец. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот. Исто така, тој признал дека на 25.03.2022 извршил кражба во стан на Ѓ.Н. и одзел пари, мобилен телефон и други предмети. Телефонот бил пронајден и вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случаите против малолетникот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Препорачуваме

Партнери на Правдико