Приведен штипјанец кој крадел од продавница
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Врз основа на судска наредба штипската полиција вчера уапсила 43-годишен жител на овој град, со иницијали Т. З., за издржување казна затвор за сторено кривично дело кражба.
При преглед кај него биле пронајдени предмети што потекнувале од кражба извршена околу 10 часот во продавница на улицата Иво Лола Рибар во Штип.
Украдените предмети му биле вратени на сопственикот, а Т. З. бил спроведен во струмичкиот затвор.
Извор: Макфакс