Приведен штипјанец поради криумчарење мигранти | Правдико

Правдико

   

Приведен штипјанец поради криумчарење мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Штипјанец на 36-годишна возраст (Ф.Ш.) бил приведен на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело криумчарење мигранти.

„При обид да застанат патничко возило ‘ауди А6’, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот. По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано Чифлик, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка“, информира МВР за овој случај.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико