Приведен скопјанец баран со централна потерница за издржување казна затвор од 3 години
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска (28.09.2022) во 11.50 часот на кејот на Вардар, во населба Момин Поток во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С.(76) од Скопје.
Tој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 247 и член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.