Приведен скопјанец кој со закана со пиштол ограбил фирма | Правдико

Правдико

   

Приведен скопјанец кој со закана со пиштол ограбил фирма

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и шестгодишен скопјанец синоќа бил уапсен на улицата ВМРО, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво’.

Во текот на вчерашниот ден Л.Ш. извршил разбојништво во фирма на улицата Ѓорче Петров и со закана со пиштол од вработената одзел пари, но по преземени мерки од полициските службеници е приведен. Л.Ш. е осомничен и за уште пет други разбојништва извршени на подрачјето на град Скопје.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико