Приведен скопјанец за издржување затворска казна
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Гази Баба вчера уапсиле 30-годишен скопјанец, кој бил баран за издржување затворска казна.
За него била издадена судска наредба поради тоа што се барал за издржување казна затвор во траење од една година и 10 месеци за сторено кривично дело тешка кражба.
В. А. бил предаден во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
Извор: Макфакс