Приведен скопјанец за издржување зaтворска казна од две години | Правдико

Правдико

   

Приведен скопјанец за издржување зaтворска казна од две години

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

25-годишен скопјанец е приведен во центарот на Скопје, а по него, како што соопшти полицијата, била распишана потерница за кривично дело тешка кражба.

Денеска, околу 11.40 часот, на улицата Македонија во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги, по распишана потерница од Основниот суд Скопје 1, го лишиле од слобода А. Ф. (25) од Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик – тешка кражба.

Лицето ќе ѝ биде предадено на казнено-поправна установа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико