Приведен скопјанец за нелегално поседување оружје | Правдико

Правдико

   

Приведен скопјанец за нелегално поседување оружје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривичнa пријавa против К.Ч.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

На 08.01.2020 на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на наплатната рампа кај с.Глумово, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршиле преглед на К.Ч., при што биле пронајдени еден пиштол „Црвена застава“ со една рамка и осум куршуми, една празна рамка и една празна кутија за муниција. Пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење, а К.Ч. бил лишен од слобода и задржан во Полициското одделение Сарај за понатамошна постапка. По извршени проверки, било утврдено дека лицето не поседува соодветна дозвола за поседување оружје.

Во врска со настанот бил известен Јавен обвинител.

Партнери на Правдико