Правдико

   

Приведен жител на Танушевци за нелегален транспорт на 30 мигранти

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата приведе едно лице од скопско Танушевци за нелегален транспорт на 30 мигранти, информираат од МВР.

34A3108283637F48986FD416E02E8D03

Полициски службеници, вчера во 11:00 часот, во близина на тунелите на автопатот во правец Демир Капија-Велес забележале товарно возило „мерцедес“ управувано од Љ.М.(23) од с.Танушевци-Скопје, кој на даден знак од полицијата не го запрел возилото.

По неколку километри Љ.М. го запрел возилото по што побегнал заедно со совозачот Р.Ј.(20) од Скопје. Полицијата го привела Љ.М., а совозачот Р.Ј. успеал да избега.

По проверката на возилото, во просторот за товар се пронајдени 30 мигранти од Авганистан, Ирак и Конго, кои се приведени во Полициската станица Неготино.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на совозачот Р.Ј. и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико