Правдико

   

Приведена скопјанка поради тешка кражбa

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(22) од Скопје поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Имено, на 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје пријавената насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон. По преземени мерки и активности констатирано е дека С.Д. е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е лишена од слобода.

Партнери на Правдико