Приведена жена која се обидела да замине од Македонија со туѓ пасош | Правдико

Правдико

   

Приведена жена која се обидела да замине од Македонија со туѓ пасош

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовка се обидела со туѓа патна исправа преку охридскиот аеродром да отпатува од Македонија.

Полицијата соопшти дека вчера во 19:00 часот на Граничниот премин-Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, при пасошка контрола, полициските службеници се посомневале дека лицето Б.Р. (55) од Арачиново, скопско, користи туѓа патна исправа.

Поради тоа, биле извршени дополнителни проверки и преглед во нејзиниот личен багаж и притоа била пронајдена лична карта од Косово на име С.Р..

Жената била приведена и предадена за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Извор: Нова македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико