Приведена жена од Скопје, ги принудувала своите малолетни деца да питачат | Правдико

Правдико

   

Приведена жена од Скопје, ги принудувала своите малолетни деца да питачат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија“ со бул.„Јане Сандански“ биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат.

Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците, а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Препорачуваме

Партнери на Правдико