Приведени 10 пакистански мигранти при илегален влез во Србија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Синоќа во реонот на село Лојане, општина Липково, на местото „Ресуљка“, при обид за илегален премин на македонско-српската граница, од страна на полициски службеници од полицијата на граничниот премин Сопот приведени се 10 лица-мигранти од Пакистан, чиј идентитет е утврден според нивен исказ.
Од извршениот разговор со лицата утврдено е дека дошле од Република Грција со намера да заминат во Република Србија. Во 02.15 часот лицата се донесени во полициска станица за понатамошна постапка.
Извор: Нова Македонија