Приведени 17 државјанки на Македонија, Косово и Албанија во угостителски објекти во Гостивар и Тетово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седумнаесет државјанки на Македонија, Косово и Албанија се приведени во акции на полицијата спроведени во неколку угостителски објекти во Гостивар и во Тетово.
Во текот на изминатиот ден била извршена акциска контрола во два угостителски објекти во Гостивар.
„Во угостителскиот објект на улица Илинденска во Гостивар биле затекнати и приведени две женски лица –државјанки на Република Македонија. Во угостителскиот објект во село Форино, Гостиварско, биле затекнати и приведени четири женски лица, по една државјанка на Македонија и Албанија и две на Косово“, соопшти МВР.
Во полициска акција, пак, извршена во текот на изминатата ноќ во угостителски објект во село Желино, Тетовско, биле затекнати и приведени 11 женски лица и тоа седум државјанки на Албанија и четири државјанки на Македонија.
Извор: Макфакс