Приведени 17 лица за време на полицискиот час | Правдико

Правдико

   

Приведени 17 лица за време на полицискиот час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, евидентирано е дека 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико