Приведени 22 лица што го прекршиле полицискиот час
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за другите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Исто така, според статистичките податоци, за изминатото деноноќие на 41 лице им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Извор: Макфакс