Правдико

   

Приведени четири крадци од Скопје

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: К.Т. (41), Ш.Д. (35), М.Џ. (33) и Б.Џ. (28) сите од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 350.000 денари

Имено, пријавените кривичното дело го сториле ноќта на 22 спроти 23.12.2018, на ул.“Беласица“, на паркинг просторот спроти Скопски саем, при што откако К.Т. и Ш.Д. со употреба на тврд предмет го искршиле задното лево лептир стакло и ја отклучиле вратата на патничко моторно возило марка “Рено меган“ (со битолски регистарски таблички), влегле во возилото, успеале да го отворат гепекот на возилото, и заедно со другите двајца пријавени М.Џ. и Б.Џ. одзеле чанта во која имало лични документи, клучеви, 250.000 денари и 570 евра.

По преземени мерки и активности од полициски службеници, лицата се лишени од слобода и во полициска станица го појасниле начинот на извршување на делото.

Партнери на Правдико