Приведени четворица Косовци кои со телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера попладне на тетовската улица „Фуштанска“ четири лица од автомобил „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Притоа реагирало обезбедувањето на касарната, а лицата побегнале. По околу еден час од настанот, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селото Глоѓи, полиција го сопрела „голфот“ во кој се превезувале Косовците Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), по што биле приведени во тетовската полициска станица. Органите преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс