Приведени двајца гостиварци, пронајдени кокаин и марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 28.01.2021 околу 21.20 часот на улица „Железничка“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода В.А.(39) и С.А.(23), двајцата од Гостивар, кај кои билe пронајден кокаин и марихуана.
Подоцна, во домот на В.А., врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.