Приведени двајца крадци од Косово, фатени на дело во Кочани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На 21.07.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово. Тие биле затекнати и фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.